+ -

عَنْ أَبِي الدَّرْدَاءِ رَضِيَ اللَّهُ عَنْهُ قَالَ: قَالَ رَسُولُ اللهِ صَلَّى اللَّهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ:
«أَلاَ أُخْبِرُكُمْ بِأَفْضَلَ مِنْ دَرَجَةِ الصِّيَامِ وَالصَّلاَةِ وَالصَّدَقَةِ؟» قَالُوا: بَلَى، قَالَ: «صَلاَحُ ذَاتِ البَيْنِ، فَإِنَّ فَسَادَ ذَاتِ البَيْنِ هِيَ الحَالِقَةُ».

[صحيح] - [رواه أبو داود والترمذي] - [سنن الترمذي: 2509]
المزيــد ...

Ебу Дерда, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„Дали да ви кажам што е подобро од степенот на постот, намазот и садаката?“ Рекоа: „Да.“ Тој рече: „Поправањето на меѓучовечките односи. Зашто нарушените односи се како ,жилетот.‘“

[صحيح] - [رواه أبو داود والترمذي] - [سنن الترمذي - 2509]

Објаснување

Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, ги прашал асхабите: „Дали да ви кажам што носи поголема награда од многу доброволен пост, намаз и садака?“ Тие рекле: „Да.“ Тој рекол: „Поправањето на односите меѓу скараните, бидејќи кавгата предизвикува поделби, студенило, омраза и отуѓување меѓу луѓето. Нарушените односи носат омраза која ја уништува и верата и животот, како што жилетот ја бричи од корен косата.“

من فوائد الحديث

  1. Традицијата на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, да прашува и да ги потстрекне асхабите за да го зголеми нивниот интерес за одговорот.
  2. Ет-Тиби рекол: „Ова е поттик и охрабрување за поправка на односите и избегнување на нивното нарушување. Поправката е причина за цврста врска со Аллаховото јаже и за единство меѓу муслиманите. Нарушувањето на односите е пукнатина во верата. Оној што ќе се зафати да ги поправи и да го отстрани расипувањето, ќе достигне степен повисок од оној што пости, клања и се занимава само со својата лична побожност.“
Превод: Бенгалски Виетнамски Курдски Португалски التايلندية الدرية المجرية الجورجية
Преглед на преводи
Повеќе...