+ -

عَنْ أَبِي بَكْرَةَ رَضِيَ اللهُ عَنْهُ أَنَّهُ سَمِعَ رَسُولَ اللهِ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ يَقُولُ:
«لَنْ يُفْلِحَ قَوْمٌ وَلَّوْا أَمْرَهُمُ امْرَأَةً».

[صحيح] - [رواه البخاري] - [صحيح البخاري: 4425]
المزيــد ...

Ебу Бекре, Аллах нека е задоволен со него, раскажува дека слушнал Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, како вели:
„Никогаш нема да успее народ кој ќе и го довери управувувањето на жена.“

[صحيح] - [رواه البخاري] - [صحيح البخاري - 4425]

Објаснување

Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, појаснил дека народот нема да постигне успех ако ја препушти управата на жена – во судство, власт или ќе и даде министерска положба.

من فوائد الحديث

  1. Жените не се назначуваат на должности како владател, судија или на други јавни позиции. Додека во приватните работи, како раководење со вакуф, грижа за сирачиња, управување со училиште и слично – тоа е дозволено.
  2. Ова укажува на природната слабост на жената и дека не е создадена за јавни водечки функции; нејзиното поставување на такви должности е причина за неуспех на заедницата.
  3. Аллах ја создал жената со природа различна од природата на мажот. Поради таа посебност, има работи што не ѝ одговараат на жената да ги врши, исто како што има работи што не му одговараат на мажот, со оглед на неговата природа.
  4. „Неуспехот“ спомнат во хадисот се однесува на неуспех во шеријатска смисла – односно губење на доброто и на овој и на идниот свет. Тоа не значи дека материјалниот развој или политичката моќ на некој народ се доказ за Аллаховото задоволство. Оној што не е во покорност кон Аллах не е од успешните, дури и ако на дуњалукот изгледа дека е во најдобра состојба.
  5. Овој хадис не ја потценува жената, туку ја насочува кон она што најмногу ѝ одговара и ја упатува да ги користи своите способности на правилен и соодветен начин.
Превод: Англиски Урду Индонезиски Бенгалски Француски Руски Босански Индијски Кинески Персиски Виетнамски Курдски Хауса Португалски التايلندية الأسامية الهولندية الدرية المجرية الجورجية
Преглед на преводи