+ -

عَنْ أَبِي هُرَيْرَةَ رَضِيَ اللَّهُ عَنْهُ قَالَ: قَالَ رَسُولُ اللهِ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ:
«اللهُمَّ إِنَّمَا أَنَا بَشَرٌ، فَأَيُّمَا رَجُلٍ مِنَ المُسْلِمِينَ سَبَبْتُهُ أَوْ لَعَنْتُهُ أَوْ جَلَدْتُهُ فَاجْعَلْهَا لَهُ زَكَاةً وَرَحْمَةً».

[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح مسلم: 2601]
المزيــد ...

Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„Аллаху мој, јас сум само човек. Па ако некого од муслиманите го навредив, или го проколнав, или го казнив – направи тоа за него да биде прочистување и милост.“

-

Објаснување

Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, правел дова велејќи: „Аллаху мој, јас сум човек и се лутам како што се лутат луѓето. Па ако некому од верниците некогаш му нанесов болка – со тоа што го навредив, го укорив, го проколнав, направив дова да го оддалечиш од Твојата милост, или го казнив или удрив – направи тоа да му биде чистење, приближување кон Тебе, искупување на неговите гревови и милост со која ќе го облееш.“

من فوائد الحديث

  1. Совршениот карактер на Аллаховиот пратеник, алејхи селам.
  2. Ибн Хаџер рекол: „Овој хадис укажува на неговата исклучителна благост кон уметот, на убавината на неговиот карактер и на племенитоста на неговата личност – бидејќи секогаш настојувал она што би можело да излезе од него да го надомести со компензација и почест.“
  3. Имамот ен-Невеви рекол: „Ако се постави прашањето: како е можно Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, да направи дова против некого што во суштина не го заслужува, или да го укори, да го проколне и слично? Одговорот, како што појасниле учените, е од два аспекта:
  4. 1. Намерата е дека тој човек кај Аллах во својата внатрешна состојба не го заслужувал тоа, но според надворешноста изгледал како да го заслужува. На Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, му била достапна шеријатска причина според која изгледало дека тој го заслужува тоа, а Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, бил задолжен да суди според надворешноста, додека Аллах е Оној што ги знае тајните.
  5. 2. Она што понекогаш излегло од него – навреда, дова или нешто слично – не било со намера, туку тоа било вообичаен начин на изразување кај Арапите, кои во разговор вметнувале такви зборови без вистинска намера. На пример: „да ти се испраши десницата“, „да бидеш оштетен“, или во овој хадис: „да не остариш“, како и зборовите во хадисот упатен кон Муавија: „Аллах да не ти го засити стомакот“ – и слично. Тие не го мислеле тоа буквално.
  6. Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, се плашел дека можеби некој ваков израз би се совпаднал со времето кога довата ќе биде примена. Затоа го молел својот Возвишен Господар тоа што ќе излезе од него да биде претворено во милост, искупување, приближување кон Аллах, прочистување и награда.
  7. Таквите зборови навистина многу ретко излегувале од него – само во исклучителни ситуации. Тој, салаллаху алејхи ве селем, не бил ниту вулгарен, ниту груб, ниту проколнувач, ниту, пак, се одмаздувал за себе.“
Превод: Бенгалски Виетнамски Курдски Португалски التايلندية الدرية المجرية الجورجية
Преглед на преводи