عَنْ أَنَسِ بْنِ مَالِكٍ رَضيَ اللهُ عنهُ قَالَ:
لَمَّا نَزَلَتْ: {إِنَّا فَتَحْنَا لَكَ فَتْحًا مُبِينًا لِيَغْفِرَ لَكَ اللهُ} إِلَى قَوْلِهِ {فَوْزًا عَظِيمًا} [الفتح: ١-٥] مَرْجِعَهُ مِنَ الْحُدَيْبِيَةِ، وَهُمْ يُخَالِطُهُمُ الْحُزْنُ وَالْكَآبَةُ، وَقَدْ نَحَرَ الْهَدْيَ بِالْحُدَيْبِيَةِ، فَقَالَ: «لَقَدْ أُنْزِلَتْ عَلَيَّ آيَةٌ هِيَ أَحَبُّ إِلَيَّ مِنَ الدُّنْيَا جَمِيعًا».
[صحيح] - [رواه مسلم] - [صحيح مسلم: 1786]
المزيــد ...
Енес бин Малик, Аллах нека е задоволен со него, раскажува:
Кога беше објавен ајетот:
„Ние ќе ти дадеме да победиш со јасна победа..." до Неговите зборови: „...а тоа кај Аллах е голем успех.“ (Ел-Фетх, 1–5) – тоа беше при враќањето од Худејбија, кога муслиманите беа обземени од тага и разочараност, а Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, веќе го беше заклал курбанот таму, во Худејбија. Тогаш рече: „Објавен ми е ајет што ми е подрагоцен од целиот свет и сè што е на него.“
[صحيح] - [رواه مسلم] - [صحيح مسلم - 1786]
Енес бин Малик, Аллах нека е задоволен со него, раскажува: Кога му беа објавени на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, следниве ајети: ,,Ние ќе ти дадеме да победиш со јасна победа, за Аллах да ти ги прости претходните и подоцнежните гревови, благодатта Своја кон тебе потполна да ја направи, на Вистинскиот пат да те упати и Аллах со моќна помош да ти помогне. Тој влева смиреност во срцата на верниците за верувањето свое уште повеќе да го зголемат, а војските на небесата и на Земјата се Аллахови; Аллах сè знае и Мудар е - за да ги воведе верниците и верничките во џенетските градини низ кои реки течат, во кои вечно ќе престојуваат, и за да ги прекрие нивните лоши дела – а тоа кај Аллах е голем успех." (Ел-Фетх, 1-5) – тоа беше при неговото враќање од Худејбија, кога асхабите беа растажени и обесхрабрени, бидејќи не им беше дозволено да ја извршат умрата поради договорот што беше склучен, за кој мислеа дека не е во корист на муслиманите. Курбаните веќе беа заклани во месноста Худејбија. Тогаш Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, рече: „Објавен ми е ајет што ми е подрагоцен од целиот дуњалук и сè што е од него.“ – па ги рецитираше овие ајети.