عَنْ أَبِي مُوسَى رَضِيَ اللهُ عَنْهُ قَالَ: قَامَ فِينَا رَسُولُ اللهِ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ بِخَمْسِ كَلِمَاتٍ، فَقَالَ:
«إِنَّ اللهَ عَزَّ وَجَلَّ لَا يَنَامُ، وَلَا يَنْبَغِي لَهُ أَنْ يَنَامَ، يَخْفِضُ القِسْطَ وَيَرْفَعُهُ، يُرْفَعُ إِلَيْهِ عَمَلُ اللَّيْلِ قَبْلَ عَمَلِ النَّهَارِ، وَعَمَلُ النَّهَارِ قَبْلَ عَمَلِ اللَّيْلِ، حِجَابُهُ النُّورُ -وَفِي رِوَايَةٍ: النَّارُ- لَوْ كَشَفَهُ لَأَحْرَقَتْ سُبُحَاتُ وَجْهِهِ مَا انْتَهَى إِلَيْهِ بَصَرُهُ مِنْ خَلْقِهِ».
[صحيح] - [رواه مسلم] - [صحيح مسلم: 179]
المزيــد ...
Ебу Муса, Аллах нека е задоволен со него, раскажува: „Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, застана меѓу нас и рече пет зборови:
,Возвишениот Аллах не спие, и не Му доликува да спие. Тој ја спушта и ја подигнува правдата. Делата од ноќта се издигаат кај Него пред делата од денот, а делата од денот пред делата од ноќта. Неговиот превез е светлина – а во друго предание: оган – и кога би го открил, сјајот на Неговото Лице би изгорел сè што опфаќа Неговиот поглед од Неговите созданија.’“
-
Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, стана меѓу своите асхаби и одржа говор во кој спомна пет сеопфатни реченици: 1. Дека Возвишениот Аллах не спие. 2. Дека за Него е невозможно да спие – поради апсолутноста на Неговиот живот и Неговото Самоопстојување. 3. Дека Тој, Севишниот, ја спушта и ја подигнува мерката, со која се мерат делата на робовите што се издигнуваат кон Него, а се мерат и нивните егзистенции што се спуштаат кон земјата. Така, ризкот – уделот на секое создание – Аллах го стеснува или го проширува. 4. Дека кај Него се издигаат делата на робовите од ноќта пред делата на денот што следува, а делата од денот пред делата на ноќта што следува. Мелеците писатели ги издигаат делата на ноќта на почетокот на денот, а делата на денот – на почетокот на ноќта. 5. Неговиот превез, кој спречува да биде виден, е светлина или оган. Кога би го тргнал, сјајот на Неговото Лице би изгорел сè до каде што допира Неговиот поглед од Неговите созданија. А сјајот на Неговото Лице е Неговата светлина, Неговата величественост и Неговата убавина. Значењето е: Кога би го отстранил и открил она што го спречува гледањето во Него – а тоа е превезот – и ако би им се открил на Своите созданија, сјајот на Неговото Лице би изгорел сè до каде што допира Неговиот поглед од Неговите созданија. А тоа се сите созданија, бидејќи Неговиот поглед го опфаќа сето постоечко.