+ -

عَنْ أُمِّ عَطِيَّةَ رَضيَ اللهُ عنها أَنَّ رَسُولَ اللهِ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ قَالَ:
«لَا تُحِدُّ امْرَأَةٌ عَلَى مَيِّتٍ فَوْقَ ثَلَاثٍ إِلَّا عَلَى زَوْجٍ أَرْبَعَةَ أَشْهُرٍ وَعَشْرًا، وَلَا تَلْبَسُ ثَوْبًا مَصْبُوغًا إِلَّا ثَوْبَ عَصْبٍ، وَلَا تَكْتَحِلُ، وَلَا تَمَسُّ طِيبًا إِلَّا إِذَا طَهُرَتْ نُبْذَةً مِنْ قُسْطٍ أَوْ أَظْفَارٍ».

[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح مسلم: 938]
المزيــد ...

Уму Атије, Аллах нека е задоволен со неа, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„Ниедна жена не треба да тагува поради смрт на некого повеќе од три дена, освен за својот сопруг – тогаш тагува четири месеци и десет дена. Во тој период не смее да носи облека во боја, освен непривлечна јеменска ткаенина (асб), не смее да користи сурма, ниту да се мачка со мирис, освен кога ќе се очисти (по завршување на месечниот циклус) – тогаш ѝ е дозволено да стави само малку од куст или азфар (ароматични растителни состојки).“

[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح مسلم - 938]

Објаснување

Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, им забранил на жените да тагуваат поради нечија смрт — било на татко, брат, син или друг – со напуштање на украсувањето преку мириси, сурма, накит или убава облека – повеќе од три дена. Исклучок е жалоста по сопругот – таа трае четири месеци и десет дена.
За време на овој период, жената не смее да носи облека обоена заради украс, освен ткаенина од асб – јеменски материјал што се бои пред ткаење.
Не ѝ е дозволено да става сурма во очите, ниту да користи парфеми или други мирисливи средства – освен поради чистење по менструација, и тоа само во мала количина од куст или азфар – два познати видови природни миризливи материи кои се употребуваат како благ тамјан, но не се наменети за мирисање.
Овој исклучок е дозволен единствено за отстранување на непријатниот мирис по менструацијата, при ритуалното миење, и се нанесува само во пределот каде што истекувала крвта – не со намера за разубавување, туку за хигиена.

من فوائد الحديث

  1. Ихдад (тагување) значи: напуштање на украсувањето и воздржување од сè што упатува на желба за брак. Жената треба да се воздржи од секакво украсување – како што се накитот, мирисите, сурмата и украсната облека.
  2. Не ѝ е дозволено да тагува поради смрт на некого повеќе од три дена освен за својот сопруг.
  3. Ова укажува на посебната положба на сопругот, бидејќи за никој друг не е дозволено да се жали повеќе од три ноќи.
  4. Тагата до три дена е дозволена како олеснување за душата.
  5. Жената е обврзана да тагува за својот сопруг четири месеци и десет дена, освен ако е бремена – во тој случај периодот завршува со породувањето.
  6. Дозволено ѝ е да носи обоена облека, сè додека не е наменета за украсување – а критериумот за тоа, дали спаѓа под украсна облека или не, се одредува според обичајот.
Превод: Англиски Урду Шпански Индонезиски Ујгурски Бенгалски Француски Турски Руски Босански Синхала Индијски Кинески Персиски Виетнамски Тагалог Курдски Хауса Португалски Свахили التايلندية الأسامية الأمهرية الهولندية الدرية الرومانية المجرية الجورجية الخميرية الماراثية
Преглед на преводи
Повеќе...