عَنْ مُعَاذِ بْنِ جَبَلٍ رضي الله عنه قَالَ:
كُنْتُ مَعَ النَّبِيِّ صَلَّى اللَّهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ فِي سَفَرٍ، فَأَصْبَحْتُ يَوْمًا قَرِيبًا مِنْهُ وَنَحْنُ نَسِيرُ، فَقُلْتُ: يَا رَسُولَ اللهِ أَخْبِرْنِي بِعَمَلٍ يُدْخِلُنِي الجَنَّةَ وَيُبَاعِدُنِي عَنِ النَّارِ، قَالَ: «لَقَدْ سَأَلْتَنِي عَنْ عَظِيمٍ، وَإِنَّهُ لَيَسِيرٌ عَلَى مَنْ يَسَّرَهُ اللَّهُ عَلَيْهِ، تَعْبُدُ اللَّهَ وَلاَ تُشْرِكْ بِهِ شَيْئًا، وَتُقِيمُ الصَّلاَةَ، وَتُؤْتِي الزَّكَاةَ، وَتَصُومُ رَمَضَانَ، وَتَحُجُّ البَيْتَ» ثُمَّ قَالَ: «أَلاَ أَدُلُّكَ عَلَى أَبْوَابِ الخَيْرِ: الصَّوْمُ جُنَّةٌ، وَالصَّدَقَةُ تُطْفِئُ الخَطِيئَةَ كَمَا يُطْفِئُ الْمَاءُ النَّارَ، وَصَلاَةُ الرَّجُلِ مِنْ جَوْفِ اللَّيْلِ» قَالَ: ثُمَّ تَلاَ: «{تَتَجَافَى جُنُوبُهُمْ عَنِ الْمَضَاجِعِ}، حَتَّى بَلَغَ {يَعْمَلُونَ}» ثُمَّ قَالَ: «أَلاَ أُخْبِرُكَ بِرَأْسِ الأَمْرِ كُلِّهِ وَعَمُودِهِ، وَذِرْوَةِ سَنَامِهِ؟» قُلْتُ: بَلَى يَا رَسُولَ اللهِ، قَالَ: «رَأْسُ الأَمْرِ الإِسْلاَمُ، وَعَمُودُهُ الصَّلاَةُ، وَذِرْوَةُ سَنَامِهِ الجِهَادُ» ثُمَّ قَالَ: «أَلاَ أُخْبِرُكَ بِمَلاَكِ ذَلِكَ كُلِّهِ؟» قُلْتُ: بَلَى يَا نَبِيَّ اللهِ، فَأَخَذَ بِلِسَانِهِ قَالَ: «كُفَّ عَلَيْكَ هَذَا» فَقُلْتُ: يَا نَبِيَّ اللهِ، وَإِنَّا لَمُؤَاخَذُونَ بِمَا نَتَكَلَّمُ بِهِ؟ فَقَالَ: «ثَكِلَتْكَ أُمُّكَ يَا مُعَاذُ، وَهَلْ يَكُبُّ النَّاسَ فِي النَّارِ عَلَى وُجُوهِهِمْ أَوْ عَلَى مَنَاخِرِهِمْ إِلاَّ حَصَائِدُ أَلْسِنَتِهِمْ».
[صحيح بمجموع طرقه] - [رواه الترمذي وابن ماجه وأحمد] - [سنن الترمذي: 2616]
المزيــد ...
Муаз ибн Џебел, радијаллаху анху, пренесува:
„Бев со Пратеникот, алејхи селам, на патување. Додека патувавме, еден ден осамнав во негова близина, па му реков: ,Алахов Пратенику, извести ме за дело кое ќе ме одведе во Џенетот и ќе ме оддалечи од џехенемот.‘ Тој рече: ,Ме праша за голема работа, но лесно му е на оној кому Аллах му олеснува: обожувај го Аллах и не Му придружувај ништо, клањај го намазот, давај зекат, пости го рамазан и изврши го аџилакот.‘ Потоа рече: ,Сакаш ли да те упатам до вратата на доброто: Постот е штит, милосрдието ги брише гревовите како што водата го гаси огнот и човековиот намаз во длабочината на ноќта‘. Потоа го рецитираше ајетот: ,Боковите нивни од постела се креваат и тие на Господарот свој од страв и од желба Му се клањаат, а дел од тоа што Ние им го даваме го споделуваат. И никој не знае какви, како награда за тоа што го правеле, скриени радости ги очекуваат‘, потоа рече: ,Дали сакате да ве информирам за главата, столбот и врвот на сето ова?‘ Реков: ,Сакаме, о Аллахов пратенику.‘ Тој рече: ,Главата на ова е исламот, столбот е намазот, а врвот е борбата на Аллаховиот пат.‘ Потоа рече: ,Дали сакате да ве известам за основата на сето ова?‘ Реков: ,Сакаме, о Аллахов пратенику.‘ Го фати јазикот со раката и рече: ,Контролирај го ова!‘, ,О Аллахов Пратенику, дали ќе бидеме прашани за тоа што го зборуваме?‘, прашав. Тој рече: ,Тешко на мајкати за тебе, о, Муаз, а дали луѓето ќе бидат фрлени во Џехенемот со лицето или главите, освен поради она што го кажуваше јазикот?‘“
[صحيح بمجموع طرقه] - [رواه الترمذي وابن ماجه وأحمد] - [سنن الترمذي - 2616]
Муаз, радијаллаху анху, рекол: Патував со Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, па му пријдов додека патувавме, и му реков: Аллахов Пратенику, извести ме за едно дело кое ќе ме одведе во џенет и ќе ме оддалечи од огнот. Тој рече: ,Ме праша за голема работа која му е тешка на човекот да ја изврши, но лесно му е на оној кому Аллах му го олесни тоа: Изврши ги исламските обврски:
Прво: Да го обожуваш Аллах единиот, и да не Му здружуваш никого.
Второ: Да ги клањаш петте задолжителни намази во текот на деноноќието: сабах, пладне, икиндија, акшам и јација, со сите нивни шартови, рукнови и ваџиби.
Трето: Давањето на зекат, којшто претставува материјален ибадет од обврзувачки карактер, и се дава од секој вид на имот кој ќе ја достигне определената вредност според верозаконот, а им се дава на тие кои го заслужуваат.
Четврто: Постот на месецот рамазан, а тоа значи со намера за ибадет да се воздржиме од храна, пијалаци и други работи кои можат да го поништат постот, во период од зората до заоѓањето на Сонцето.
Петто: Аџилакот на Аллаховата куќа во Мека, со намера да ги извшиме неговите обреди, обожувајќи Го со тоа Возвишениот Аллах.‘
Потоа Аллаховиот пратеник, алејхи селам, рекол: ,Зарем не сакаш да ти го покажам патот кој ќе те доведе до вратата на доброто? Со тоа што после овие ваџиби ќе продолжиш со нафили:
Прво: Доброволен пост, кој го спречува човекот да падне во искушение заради своите страсти, и му ја намалува силата.
Трето: Ноќен намаз во последната третина на ноќта.‘ Аллаховиот пттратеник, алејхи селам, потоа ги рецитирал зборови на Возвишениот Аллах: ,Боковите нивни се креваат...‘ т.е. се оддалечуваат, ,Од постела‘ т.е. од креветот, ,На Господарот свој му се клањаат‘ во намаз, спомнувајќи Го, со рецитирање на Куранот и упатување на дови, ,Од страв и од желба, а дел од тоа што Ние им го даваме го споделуваат. И никој не знае какви, скриени радости ги очекуваат.‘ т.е. радост на Судниот ден и во Џенетот, ,како награда за тоа што го правеле.‘
Потоа Аллаховиот пратеник, алејхи селам, рекол: ,Сакаш ли да те известам за основата на верата? За нејзиниот столб врз кој се потпира? И за нејзиниот врв?‘
Муаз, радијаллаху анху, рекол: ,Секако, о, Аллахов пратенику.‘
Аллаховиот пратеник, алејхи селам, рекол: Најглавна работа е: Исламот и двете сведочења (шехадет), со нив човекот станува верник. Столбот е: намазот, нема ислам без намаз, исто како што не постои куќа без столбови, па тој што клања неговата вера е силна и исправна; а врвот на таа вера е борбата против непријателите на верата и заради воздигнување на Аллаховиот збор.
Потоа, Аллаховиот пратеник, алејхи селам, рекол: „Сакаш ли да те известам како да го засилиш и подобриш сево ова што е претходно спомнато?“ Пратеникот, алејхи селам, го фати својот јазик, и рече: „Забрани му на овој орган да зборува за сето она што не те засега.“ Муаз рекол: „Зарем ќе бидеме прашани и ќе одговараме кај Нашиот Господар, и зарем ќе не казнува за сето она што го кажуваме?!“
Тој, алејхи селам, рече: „Мајка нека те загуби!“ Со овие зборови не молеше против него, туку тоа е начин на говор на Арапите, за да предупредат за некоја работа на која требало да се внимава и да се знае, а потоа рекол: „Зарем има нешто што ќе ги фрли луѓето со лице во Џехенемот освен нивните јазици, кои искажале неверување, клеветење, навреда, озборување, лаги и слични работи.“