عَنْ أَبِي سَعِيدٍ رَضيَ اللهُ عنه:
أَنَّ جِبْرِيلَ أَتَى النَّبِيَّ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ، فَقَالَ: يَا مُحَمَّدُ اشْتَكَيْتَ؟ فَقَالَ: «نَعَمْ» قَالَ: «بِاسْمِ اللهِ أَرْقِيكَ، مِنْ كُلِّ شَيْءٍ يُؤْذِيكَ، مِنْ شَرِّ كُلِّ نَفْسٍ أَوْ عَيْنِ حَاسِدٍ، اللهُ يَشْفِيكَ بِاسْمِ اللهِ أَرْقِيكَ».

[صحيح] - [رواه مسلم] - [صحيح مسلم: 2186]
المزيــد ...

Ебу Сеид, Аллах нека е задоволен со него, раскажува:
„Џибрил му дојде на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, и го праша: ,О, Мухамед, дали си болен?‘ Тој одговори: ,Да.‘ Тогаш Џибрил рече: ,Со Аллахово име ти учам рукја – од сè што ти наштетува, од злото на секоја душа и од завидливото око. Аллах нека ти даде излекување. Со Аллахово име ти учам рукја.‘“

[صحيح] - [رواه مسلم] - [صحيح مسلم - 2186]

Објаснување

Мелекот Џибрил, алејхис-селам, дошол кај Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, и го прашал: „О, Мухамед, дали си болен?“ Тој одговорил: „Да.“ Тогаш Џибрил му учел рукја, велејќи: „Со Аллахово име“ – кај Него барам помош – „ти учам рукја“ – и барам заштита за тебе, „од сè што може да ти наштети“ – било мало или големо, „од злото на секоја злобна душа,“ – расипана душа, „и од завидливото око" што може да те погоди.
„Аллах нека те излекува", – нека те заштити и сочува од секоја болест. „Со Аллахово име ти учам рукја.“
Овие зборови Џибрил ги повторил за да ги потенцира, започнувајќи и завршувајќи со Аллаховото име – како потсетување дека само Тој навистина носи корист и излекување.

من فوائد الحديث

  1. Дозволено е човекот да каже дека е болен ако тоа е со цел за појаснување на моменталната состојба, а не како израз на негодување или приговор.
  2. Рукјата е дозволена под следниве услови: 1. Да биде со Куран, со спомнување на Аллах и со шеријатски дозволени дови. 2. Да биде на арапски јазик или на друг јазик со познато значење. 3. Да се верува дека рукјата сама по себе не делува, туку дека е само средство и делува само со дозвола на Севишниот Аллах. 4. Да биде чиста од ширк, харам, бидат или нешто што води кон тоа.
  3. Потврда дека урокливото око постои и дека навистина може да наштети, па затоа е препорачливо да се побара заштита со рукја.
  4. Препорачливоста рукјата да се прави на начин како што е пренесен во хадисите.
  5. Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, како и секој друг човек, бил изложен на болести.
  6. Аллаховата грижа и заштитата на Неговиот пратеник се манифестирала и преку задолжување на мелеци за неговата заштита.
Преглед на преводи
Јазик: Англиски Урду Шпански Повеќе... (35)
Повеќе...