عَنْ أَبِي مُوسَى رَضيَ اللهُ عنه عَنِ النَّبِيِّ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ قَالَ:
«مَثَلُ مَا بَعَثَنِي اللَّهُ بِهِ مِنَ الهُدَى وَالعِلْمِ كَمَثَلِ الغَيْثِ الكَثِيرِ أَصَابَ أَرْضًا، فَكَانَ مِنْهَا نَقِيَّةٌ، قَبِلَتِ المَاءَ، فَأَنْبَتَتِ الكَلَأَ وَالعُشْبَ الكَثِيرَ، وَكَانَتْ مِنْهَا أَجَادِبُ، أَمْسَكَتِ المَاءَ، فَنَفَعَ اللَّهُ بِهَا النَّاسَ، فَشَرِبُوا وَسَقَوْا وَزَرَعُوا، وَأَصَابَتْ مِنْهَا طَائِفَةً أُخْرَى، إِنَّمَا هِيَ قِيعَانٌ لاَ تُمْسِكُ مَاءً وَلاَ تُنْبِتُ كَلَأً، فَذَلِكَ مَثَلُ مَنْ فَقُهَ فِي دِينِ اللَّهِ وَنَفَعَهُ مَا بَعَثَنِي اللَّهُ بِهِ، فَعَلِمَ وَعَلَّمَ، وَمَثَلُ مَنْ لَمْ يَرْفَعْ بِذَلِكَ رَأْسًا، وَلَمْ يَقْبَلْ هُدَى اللَّهِ الَّذِي أُرْسِلْتُ بِهِ».
[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح البخاري: 79]
المزيــد ...
Ебу Муса, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„Примерот на она со кое Аллах ме испратил од упатството и знаењето, е како обилен дожд што ја напоил земјата.
Едниот дел од земјата бил чист и плоден, ја примил водата и израснале изобилно треви и пасишта.
Другиот дел бил тврд и сув, ја задржал водата, па Аллах им овозможил корист на луѓето преку него: пиеле, напојувале и саделе.
А третиот дел бил рамен кој ниту ја задржувал водата ниту пак растело нешто на него.
Таков е примерот на оној што стекнува разбирање во Аллаховата вера и се користи од она со што ме испрати Аллах – учи и подучува други. А примерот на оној што не обрнува внимание и не го прифаќа Аллаховото упатство со кое сум пратен – е како неплодната земја.“
[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح البخاري - 79]
Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, направил споредба за да им го приближи значењето на луѓето: примерот на оној што има корист од она со што тој е пратен – упатството и знаењето што водат кон вистинската цел – е како земјата врз која паѓа обилен дожд. Земјата, според тоа како реагира на дождот, е од три вида: 1. Првиот вид е чиста и плодна земја, која ја впива дождовната вода и раѓа изобилно – и свежа, и сува трева – па луѓето имаат голема корист од неа. 2. Вториот вид е земја што ја задржува водата на нејзината површина, но на неа не растат растенија. Таа ја чува водата за луѓето да се напојуваат, да ги појат животните и да ги полеваат своите посеви. 3. Третиот вид е рамна и мазна земја, која ниту ја задржува водата ниту раѓа нешто. Таа не е корисна самата за себе, ниту пак луѓето имаат корист од неа. Така е и со оние што го слушаат она со што е пратен Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, од знаење и упатство: Првата група се учените кои ја разбираат Аллаховата вера, постапуваат според знаењето и ги подучуваат другите. Тие се како плодната земја – ја впиваат водата, се ползуваат самите од неа и ја пренесуваат користа на другите. Втората група се оние што го чуваат знаењето, но немаат длабоко разбирање и способност за извлекување прописи. Тие го собираат и пренесуваат знаењето, но или не постапуваат во целост според него, или не го разбираат доволно. Тие се како земјата што ја задржува водата, за луѓето да ја користат истата. Третата група се оние што го слушаат знаењето, но не го помнат, не постапуваат според него и не го пренесуваат. Тие се како неплодната и мазна земја, која не задржува вода и не раѓа ништо – ниту самата има корист, ниту имаат корист другите.