+ -

عَنْ أَبِي هُرَيْرَةَ رَضِيَ اللَّهُ عَنْهُ أَنَّ رَسُولَ اللَّهِ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ، قَالَ:
«مَنْ قَالَ: لاَ إِلَهَ إِلَّا اللَّهُ، وَحْدَهُ لاَ شَرِيكَ لَهُ، لَهُ المُلْكُ وَلَهُ الحَمْدُ، وَهُوَ عَلَى كُلِّ شَيْءٍ قَدِيرٌ، فِي يَوْمٍ مِائَةَ مَرَّةٍ، كَانَتْ لَهُ عَدْلَ عَشْرِ رِقَابٍ، وَكُتِبَتْ لَهُ مِائَةُ حَسَنَةٍ، وَمُحِيَتْ عَنْهُ مِائَةُ سَيِّئَةٍ، وَكَانَتْ لَهُ حِرْزًا مِنَ الشَّيْطَانِ يَوْمَهُ ذَلِكَ حَتَّى يُمْسِيَ، وَلَمْ يَأْتِ أَحَدٌ بِأَفْضَلَ مِمَّا جَاءَ بِهِ إِلَّا أَحَدٌ عَمِلَ أَكْثَرَ مِنْ ذَلِكَ».

[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح البخاري: 3293]
المزيــد ...

Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„Кој во текот на еден ден ќе каже: Ла илахе иллаллах, вахдеху ла шерике лех, лехул-мулку ве лехул-хамду, ве хуве ‘ала кулли шеј-ин кадир (Нема друг Бог освен Аллах, Единствениот, Кој нема содружник; Негова е власта и Нему му припаѓа благоданоста, и Тој е Семоќен) стопати, ќе ја добие наградата како да ослободил десет робови, ќе му бидат запишани сто добри дела, ќе му бидат избришани сто лоши дела, и тој ден тоа ќе му биде заштита од шејтанот сè до вечерта. Никој нема да направи дело подобро од тоа, освен оној што го направи ова повеќе пати.“

[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح البخاري - 3293]

Објаснување

Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, известил дека кој ќе изговори: „Нема друг Бог“ нема друг достоен за обожување; " „Освен Аллах, Единствениот, Кој нема содружник“ - во Неговата божественост, господарство, имиња и својства; „Негова е власта“ - и управувањето со сè, „и Нему Му припаѓа секоја пофалба и благодарност“ - за сето што го создава и го определува; „Тој е Семоќен”, - и ништо не може да Го спречи; она што Тој не го посакува – не се случува. Кој ќе го изговори овој зикр стопати во еден ден, ќе добие награда како да ослободил десет робови, ќе му бидат запишани сто добри дела, ќе му бидат избришани сто лоши дела, а во Џенетот ќе му биде зголемен степенот. Тој ден ќе му биде заштита, тврдина и сигурност од шејтанот, неговото заведување и обидите да му наштети – сè до зајдисонце. На Судниот ден никој нема да дојде со нешто подобро од ова, освен оној што го извршил повеќепати и го зголемил бројот на изговарањето на таа дова.

من فوائد الحديث

  1. Вредноста на зборовите на тевхидот и големата награда за нив.
  2. Доказ за широчината на Аллаховата милост кон Неговите робови, бидејќи им пропишал зикр кој е лесен за секого, а за него одредил голема награда.
  3. Кој ќе го изговори овој зикр повеќе од стопати во денот, ќе ја добие наградата спомната во хадисот за стопати, а покрај тоа и дополнителна награда за зголемувањето. Ова не спаѓа во забранетите граници, ниту пак зголемувањето ја поништува наградата.
  4. Имамот ен-Невеви рекол: „Очигледното значење на хадисот е дека оваа награда ја добива секој што ќе го изговори овој зикр стопати во текот на денот – било да ги изговори последователно или одделно, на различни места, дел наутро, а дел навечер. Но, најдобро е да се изговорат последователно наутро, за да му бидат заштита во текот на целиот ден.“
Превод: Англиски Бенгалски Синхала Виетнамски Курдски Хауса Португалски Свахили التايلندية الأسامية الأمهرية الهولندية الغوجاراتية الدرية الرومانية المجرية الجورجية الخميرية الماراثية
Преглед на преводи