Категорија:
+ -

عَنْ عَبْدِ اللَّهِ بْنِ عَمْرٍو رضي الله عنهما قال: قال رَسولُ اللهِ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ:
«أَرْبَعٌ مَنْ كُنَّ فِيهِ كَانَ مُنَافِقًا، وَإِنْ كَانَتْ خَصْلَةٌ مِنْهُنَّ فِيهِ كَانَتْ فِيهِ خَصْلَةٌ مِنَ النِّفَاقِ حَتَّى يَدَعَهَا: مَنْ إِذَا حَدَّثَ كَذَبَ، وإِذَا وَعَدَ أَخْلَفَ، وإذَا خَاصَمَ فَجَرَ، وَإِذَا عَاهَدَ غَدَرَ».

[صحيح] - [رواه البخاري ومسلم] - [الأربعون النووية: 48]
المزيــد ...

Абдулах бин Амр, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„Четири особини го прават човекот лицемер во целост, а оној кој поседува една од нив има особина на лицемерство сè додека не ја напушти: кога нешто му се доверува – го изневерува, кога зборува – лаже, кога се обврзува – го прекршува договорот, и кога се расправа – ги преминува границите.“

[صحيح] - [رواه البخاري ومسلم] - [الأربعون النووية - 48]

Објаснување

Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, предупредил за четири особини, кои доколку доминираат кај некој муслиман, тој станува сличен на лицемерите поради нив. Ова важи за оние кај кого овие особини преовладуваат; ако пак се појавуваат, но ретко, нема да се смета за вистинско лицемерство. А тоа се:
1. Кога зборува – намерно лаже и не ја зборува вистината.
2. Кога ветува – не го исполнува своето ветување и ја изневерува довербата на соговорникот.
3. Кога се обврзува – не го исполнува договорот што го склучил.
4. Кога се расправа – станува жесток, се оддалечува од вистината, обидува сѐ да ја искриви, и изговара невистини и лаги.
Лицемерството значи да се прикажува нешто што е спротивно на она што се крие. Овој вид лицемерство се манифестира во односот кон оние со кои зборува, ветува, доверува, расправа или склучува договор, но тоа не значи дека е лицемер во основата на исламот – односно, дека искажува ислам, а во срцето го крие неверството. Оној што поседува некоја од овие особини, кај него постои особина на лицемерство сè додека не се ослободи од неа.

من فوائد الحديث

  1. Опис на некои знаци на лицемерството со цел да се предупреди на нив и да се одвратат луѓето од нив.
  2. Суштината на хадисот е дека овие особини се одлики на лицемерството, а оној што ги поседува наликува на лицемерите во тие особини и се однесува според нивниот морал. Тоа не значи дека е лицемер во целост, односно дека го покажува исламот, а во внатрешноста го крие неверството. Некои сметаат дека ова се однесува на оној кај кого овие особини доминираат, кој ги занемарува и не ги смета за нешто сериозно. Таквиот најчесто има и погрешно уверување/верување.
  3. Имамот Газали вели: „Основата на верата се состои од три нешта: збор, дело и намера. Овој хадис укажува на корумпираноста на зборот преку лажењето, на корумпираноста на делото преку изневерувањето и на корумпираноста на намерата преку неисполнување на ветувањето. Но, неисполнетото ветување не се смета за лицемерство, освен ако уште при давањето на ветувањето имал намера да не го исполни. Доколку бил искрен при ветувањето, но подоцна се појавила пречка или променил мислење, тогаш тоа не се смета за лицемерство.“
  4. Лицемерството е од два вида:
  5. 1. Лицемерство во убедување, кое го изведува човекот од верата, а тоа е кога некој јавно го покажува исламот, а во себе го крие неверството.
Превод: Англиски Урду Индонезиски Бенгалски Турски Руски Босански Индијски Кинески Персиски Виетнамски Тагалог Курдски Хауса Португалски Малајалам Телгу Свахили التاميلية التايلندية الألمانية بشتو الأسامية الألبانية الأمهرية الغوجاراتية القيرقيزية النيبالية الدرية الصربية الطاجيكية الكينياروندا المجرية التشيكية الموري الولوف الأذربيجانية الأوزبكية الأوكرانية الجورجية الخميرية
Преглед на преводи
Категории
Повеќе...