+ -

عَنْ ابْنِ عُمَرَ رَضِيَ اللَّهُ عَنْهُما أَنَّ رَسُولَ اللَّهِ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ قَالَ:
«مَفَاتِحُ الغَيْبِ خَمْسٌ، {إِنَّ اللَّهَ عِنْدَهُ عِلْمُ السَّاعَةِ وَيُنْزِلُ الغَيْثَ وَيَعْلَمُ مَا فِي الأَرْحَامِ وَمَا تَدْرِي نَفْسٌ مَاذَا تَكْسِبُ غَدًا وَمَا تَدْرِي نَفْسٌ بِأَيِّ أَرْضٍ تَمُوتُ إِنَّ اللَّهَ عَلِيمٌ خَبِيرٌ}».

[صحيح] - [رواه البخاري] - [صحيح البخاري: 4627]
المزيــد ...

Ибн Омер, Аллах нека е задоволен со него и со неговиот татко, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„Клучевите на гајбот (невидливото) се пет: Само Аллах знае кога Крајот на светот ќе настапи, само Тој го спушта дождот и само Тој знае што е во матките, а човекот не знае што ќе заработи утре и човекот не знае во која земја ќе умре; Аллах навистина сè знае и за сè е известен.“

[صحيح] - [رواه البخاري] - [صحيح البخاري - 4627]

Објаснување

Гајбот го знае само Аллах, и никој друг освен Него. Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, појасни дека клучевите на гајбот и неговите ризници се пет: Прво: Никој освен Аллах не знае кога ќе настапи Часот – тоа укажува на знаењата за Ахиретот, бидејќи Судниот ден е неговиот почеток. Ако е исклучено знаењето за она што е најблиску, уште повеќе е исклучено знаењето за сè што следува потоа. Второ: Никој освен Аллах не знае кога ќе падне дожд – тоа укажува на работите од горниот свет. Спомнат е дождот, иако има причини што понекогаш укажуваат на негово доаѓање, но тоа не е со сигурност и извесност. Трето: Она што е во матката – дали е машко или женско, црно или бело, целосно или со недостаток, несреќно или среќно. Спомната е матката затоа што луѓето најчесто преку искуство дознаваат нешто за неа, но никој не ја знае нејзината вистинска суштина. Ако тоа важи за неа, тогаш уште повеќе важи за другите работи. Четврто: Никој освен Аллах не знае што ќе донесе утрешниот ден – тоа укажува на различните времиња и настаните што ќе се случат во нив. Спомнато е „утре“ како најблиско време, а кога дури и за него не се знае што навистина ќе се случи, тогаш уште помалку може да се знае за подалечното. Петто: Ниту една душа не знае во која земја ќе умре – тоа укажува на работите од долниот свет. Иако е вообичаено луѓето да умираат во својата земја, тоа не е правило. Дури и кога човек ќе умре таму, не знае на кое точно место ќе биде погребан, дури и ако има гробишта на неговите предци.
„Аллах навистина сè знае и за сè е известен.“ – Тој го опфаќа видливото и скриеното, тајното и сокриеното, внатрешностите и надворешностите. Со овој ајет се опфатени сите видови на гајб, а се отфрлаат сите лажни тврдења.

من فوائد الحديث

  1. Појаснување за петте ризници на гајбот (невидливото) кои никој не ги знае освен Аллах.
  2. Ес-Синди рекол: „Зборовите ,Клучевите на гајбот се пет’ – тие се наречени ,клучеви’ затоа што оној што ги поседува, го поседува и целото знаење за гајбот. Тие се како клучевите со кои се отвораат ризниците на невидливото.“
  3. Ибн Хаџер пренесува од Ибн ебу Џемра: „Се употребил зборот ‘клучеви’ за да му се доближи значењето на слушателот. Секое нешто што е скриено зад преграда е скриено од тебе, а вообичаено до него се пристапува преку врата. Ако вратата е затворена, потребен е клуч. Па ако дури и местото што води кон знаење за гајбот не е познато, тогаш уште помалку може да се знае самиот гајб.“
  4. Ибн ебу Џемра рекол и: „Мудроста во тоа што тие се определени на бројот пет е затоа што ја опфаќаат целината на световите.“
  5. Можно е Аллах, со Својата мудрост, да открие дел од гајбот на Своите пратеници.
  6. Ова ги поништува тврдењата на пророците и гатачите кои тврдат дека го знаат гајбот. Секој што ќе тврди дека знае нешто што е исклучиво во Аллаховата власт, всушност ја негира вистината на Аллах, на Неговиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, и на величествениот Куран.
Превод: Индонезиски Бенгалски Виетнамски Курдски Португалски التايلندية الدرية المجرية الجورجية
Преглед на преводи
Повеќе...