+ -

عَنْ عُمَرَ بْنِ الخَطَّابِ رَضِيَ اللَّهُ عَنْهُ:
أَنَّ رَجُلًا مِنَ اليَهُودِ قَالَ لَهُ: يَا أَمِيرَ المُؤْمِنِينَ، آيَةٌ فِي كِتَابِكُمْ تَقْرَؤُونَهَا، لَوْ عَلَيْنَا مَعْشَرَ اليَهُودِ نَزَلَتْ لاَتَّخَذْنَا ذَلِكَ اليَوْمَ عِيدًا، قَالَ: أَيُّ آيَةٍ؟ قَالَ: {اليَوْمَ أَكْمَلْتُ لَكُمْ دِينَكُمْ وَأَتْمَمْتُ عَلَيْكُمْ نِعْمَتِي وَرَضِيتُ لَكُمُ الإِسْلاَمَ دِينًا} [المائدة: 3] قَالَ عُمَرُ: قَدْ عَرَفْنَا ذَلِكَ اليَوْمَ، وَالمَكَانَ الَّذِي نَزَلَتْ فِيهِ عَلَى النَّبِيِّ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ، وَهُوَ قَائِمٌ بِعَرَفَةَ يَوْمَ جُمُعَةٍ.

[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح البخاري: 45]
المزيــد ...

Омер бин ел-Хатаб, Аллах нека е задоволен со него, раскажува
дека некој човек од евреите му рече: „О, владателу на верниците, во вашата Книга има еден ајет што го рецитирате. Тој да ни беше објавен нам, на евреите, ние тој ден ќе го земевме како празник.“ Омер праша: „Кој ајет?“ Тој одговори: „Денес верата ваша ви ја усовршив и благодaтта Своја спрема вас ја надополнив и задоволен Сум исламот да ви биде вера.“ (Ел-Маиде, 3) Омер рече: „Ние добро го знаеме тој ден и местото каде што беше објавен на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем. Тоа беше на Арафат, во петочен ден.“

[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح البخاري - 45]

Објаснување

Еден човек од евреите дошол кај владателот на верниците, Омер, Аллах нека е задоволен со него, и му рекол: „Во вашата Книга – Куранот – има еден ајет што го рецитирате. Доколку тој ни беше објавен нам, на евреите, во нашиот Теврат, ние тој ден ќе го земевме како празник и ќе го одбележувавме во знак на благодарност за големата благодат со објавата на тој ајет.“
Омер, Аллах нека е задоволен со него, го прашал: „Кој ајет?“ Тој одговорил: „Денес верата ваша ви ја усовршив и благодaтта Своја спрема вас ја надополнив и задоволен Сум исламот да ви биде вера.“ (Ел-Маиде, 3) Омер, Аллах нека е задоволен со него, рекол: „Ние добро го знаеме тој ден и местото каде што беше објавен овој благороден ајет. Тој беше објавен на празничен ден – петок – на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, додека стоеше на Арафат. А тоа се два величествени дена за муслиманите.“

من فوائد الحديث

  1. Појаснување за тоа колку Омер, Аллах нека е задоволен со него, водел грижа за местото и времето на објавувањето на ајетот.
  2. Овој ајет укажува на тоа со што Возвишениот Аллах го почестил овој умет – со тоа што им ја усовршил верата и ги надополнил врз нив Своите благодати, така што повеќе нема потреба од ништо ново во верата. Сè што ќе се појави по тоа, без доказ од верата, се смета за новотарија и заблуда. Како што е потврдено од Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, дека рекол: „Кој, во нашата вера, ќе воведе нешто ново, што не е од неа, ќе му биде отфрлено.“
  3. Од овој хадис исто така се разбира дека празниците не се одредуваат според мислење или новотарија, како што тоа го правеле следбениците на двете Книги пред нас. Тие се утврдуваат единствено со шеријатот и со следењето на објавата. Овој ајет содржел известување за усовршувањето на верата и потполнувањето на благодатта, затоа Аллах го објавил токму на ден кој е празник за овој умет од два аспекта:
  4. 1. Тој ден бил празникот на неделата – петок.
  5. 2. Тој бил и празникот на аџиите – денот на нивното најголемо собирање и нивното највозвишено стојалиште, Арафат.
  6. Ес-Сади во толкувањето на овој ајет рекол:
  7. „Денес верата ваша ви ја усовршив“ – со целосната победа и со усовршувањето на шеријатските прописи – видливите и скриените, основите и ограноците. Затоа Книгата и Сунетот се сосема доволни за сите прописи на верата – и во основите и во ограноците.
  8. Секој што тврди дека луѓето во разбирањето на нивните верувања и прописи имаат потреба од други науки, надвор од науката на Книгата и Сунетот – како што е апологетиката/келамот и сличното – тој е незнајко и лажливец во своето тврдење. Всушност смета дека верата не е совршена сè додека не се прифати она што тој го кажува и кон што повикува. А тоа е една од најголемите неправди и обесценување и кон Аллах и кон Неговиот пратеник.
  9. „И благодaтта Своја спрема вас ја надополнив“ – и видлива и скриена.
  10. „И задоволен Сум исламот да ви биде вера“ – односно, Јас го избрав и го одликував за вас како ваша вера, исто како што и вас ве одбрав за него (исламот). Затоа исполнете ја благодарноста кон вашиот Господар и фалете Го Тој што ве почести со најдобрата, најпочитуваната и најсовршената вера.“
Превод: Индонезиски Бенгалски Виетнамски Курдски Португалски التايلندية الدرية المجرية الجورجية
Преглед на преводи
Повеќе...