Категорија:
+ -

عَنْ مُعَاذِ بْنِ جَبَلٍ رَضِيَ اللهُ عَنْهُ قَالَ: قُلْت يَا رَسُولَ اللَّهِ! أَخْبِرْنِي بِعَمَلٍ يُدْخِلُنِي الجَنَّةَ وَيُبَاعِدْنِي مِنْ النَّارِ، قَالَ:
«لَقَدْ سَأَلْتَ عَنْ عَظِيمٍ، وَإِنَّهُ لَيَسِيرٌ عَلَى مَنْ يَسَّرَهُ اللَّهُ عَلَيْهِ: تَعْبُدُ اللَّهَ لَا تُشْرِكُ بِهِ شَيْئًا، وَتُقِيمُ الصَّلَاةَ، وَتُؤْتِي الزَّكَاةَ، وَتَصُومُ رَمَضَانَ، وَتَحُجُّ البَيْتَ، ثُمَّ قَالَ: أَلَا أَدُلُّكَ عَلَى أَبْوَابِ الخَيْرِ، الصَّوْمُ جُنَّةٌ، وَالصَّدَقَةُ تُطْفِئُ الْخَطِيئَةَ كَمَا يُطْفِئُ المَاءُ النَّارَ، وَصَلَاةُ الرَّجُلِ مِنْ جَوْفِ اللَّيْلِ، ثُمَّ تَلَا: {تَتَجَافَى جُنُوبُهُمْ عَنِ الْمَضَاجِعِ} حَتَّى {بَلَغَ يَعْمَلُونَ}، ثُمَّ قَالَ: أَلَا أُخْبِرُك بِرَأْسِ الأَمْرِ وَعَمُودِهِ وَذِرْوَةِ سَنَامِهِ، فَقُلْتُ: بَلَى يَا رَسُولَ اللَّهِ، قَالَ: رَأْسُ الأَمْرِ الإِسْلَامُ، وَعَمُودُهُ الصَّلَاةُ، وَذِرْوَةُ سَنَامِهِ الجِهَادُ، ثُمَّ قَالَ: أَلَا أُخْبِرُك بِمِلَاكِ ذَلِكَ كُلِّهِ، فقُلْت: بَلَى يَا رَسُولَ اللَّه! فَأَخَذَ بِلِسَانِهِ وَقَالَ: كُفَّ عَلَيْك هَذَا، قُلْت: يَا نَبِيَّ اللَّهِ! وَإِنَّا لَمُؤَاخَذُونَ بِمَا نَتَكَلَّمُ بِهِ، فَقَالَ: ثَكِلَتْكَ أُمُّكَ وَهَلْ يَكُبُّ النَّاسَ عَلَى وُجُوهِهِمْ أَوْ قَالَ عَلَى مَنَاخِرِهِمْ إلَّا حَصَائِدُ أَلسِنَتِهِمْ»!

[صحيح] - [رواه الترمذي] - [الأربعون النووية: 29]
المزيــد ...

Од Муаз бин Џебел, Аллах нека е задоволен со него, се пренесува дека рекол: „Реков: ,О Алахов Пратенику, извести ме за дело кое ќе ме воведе во Џенетот и ќе ме оддалечи од Џехенемот.‘ Тој рече:
,Ме праша за голема работа, но лесно му е на оној кому Аллах му олеснува: обожувај го Аллах и не Му придружувај ништо, клањај го намазот, давај зекат, пости го месецот рамазан и изврши го аџилакот.‘ Потоа рече: ,Сакаш ли да те упатам на вратите на доброто: Постот е штит, милосрдието ги брише гревовите како што водата го гаси огнот и човековиот намаз во длабочината на ноќта‘. Потоа го рецитираше ајетот: ,Боковите нивни од постела се креваат...' до крај на ајетот: ,скриени радости ги очекуваат‘, потоа рече: ,Сакаш ли да те информирам за главата, столбот и врвот на сето ова?‘ Реков: ,Сакам, о Аллахов пратенику.‘ Тој рече: ,Главата на ова е исламот, столбот е намазот, а врвот е борбата на Аллаховиот пат.‘ Потоа рече: ,Сакаш ли да те известам за она со што ќе го сочуваш сето ова?‘ Реков: ,Сакам, о Аллахов пратенику.‘ Го фати јазикот со раката и рече: ,Контролирај го ова!‘, ,О Аллахов Пратенику, дали ќе бидеме прашани за тоа што го зборуваме?‘, прашав. Тој рече: ,Тешко на мајка ти за тебе, зарем мислиш дека луѓето ќе бидат фрлени во Џехенемот со лицето или главите, поради нешто друго а не поради она што го кажуваше јазикот?‘“

[صحيح] - [رواه الترمذي] - [الأربعون النووية - 29]

Објаснување

Муаз, радијаллаху анху, рекол: „Патував со Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, па му пријдов додека патувавме, и му реков: ,Аллахов Пратенику, извести ме за едно дело кое ќе ме внесе во Џенетот и ќе ме оддалечи од огнот.‘ Тој рече: ,Ме праша за голема работа која му е тешка на човекот да ја изврши, но лесно му е на оној кому Аллах му го олесни тоа: Изврши ги исламските обврски:
Прво: Да го обожуваш Аллах единиот, и да не Му здружуваш никого.
Второ: Да ги клањаш петте задолжителни намази во текот на деноноќието: сабах, пладне, икиндија, акшам и јација, со сите нивни шартови, рукнови и ваџиби.
Трето: Давањето на зекат, којшто претставува материјален ибадет од обврзувачки карактер, и се дава од секој вид на имот кој ќе ја достигне определената вредност според верозаконот, а им се дава на тие кои го заслужуваат.
Четврто: Постот на месецот рамазан, а тоа значи со намера за ибадет да се воздржиме од храна, пијалаци и други работи кои можат да го поништат постот, во период од зората до заоѓањето на Сонцето.
Петто: Аџилакот на Аллаховата куќа во Мека, со намера да ги извшиме неговите обреди, обожувајќи Го со тоа Возвишениот Аллах.‘
Потоа Аллаховиот пратеник, алејхи селам, рекол: ,Зарем не сакаш да ти го покажам патот кој ќе те доведе до вратата на доброто? Со тоа што после овие ваџиби ќе продолжиш со нафили:
Прво: Доброволен пост, кој го спречува човекот да падне во искушение заради своите страсти, и му ја намалува силата.
Второ: Доброволната милостина ги брише направените гревови, прави тие да исчезнат и да се изгубат трагите.
Трето: Ноќен намаз во последната третина на ноќта.‘ Аллаховиот пттратеник, алејхи селам, потоа ги рецитирал зборови на Возвишениот Аллах: ,Боковите нивни се креваат...‘ т.е. се оддалечуваат, ,Од постела‘ т.е. од креветот, ,На Господарот свој му се клањаат‘ во намаз, спомнувајќи Го, со рецитирање на Куранот и упатување на дови, ,Од страв и од желба, а дел од тоа што Ние им го даваме го споделуваат. И никој не знае какви, скриени радости ги очекуваат.‘ т.е. радост на Судниот ден и во Џенетот, ,како награда за тоа што го правеле.‘
Потоа Аллаховиот пратеник, алејхи селам, рекол: ,Сакаш ли да те известам за основата на верата? За нејзиниот столб врз кој се потпира? И за нејзиниот врв?‘
Муаз, радијаллаху анху, рекол: ,Секако, о, Аллахов пратенику.‘
Аллаховиот пратеник, алејхи селам, рекол: ,Главна (најважна) работа е: исламот и двете сведочења (шехадетот), со нив човекот станува верник.‘“ Столбот е: намазот, нема ислам без намаз, исто како што не постои куќа без столбови, па тој што клања неговата вера е силна и исправна; а врвот на таа вера е борбата против непријателите на верата и заради воздигнување на Аллаховиот збор.
Потоа, Аллаховиот пратеник, алејхи селам, рекол: „Сакаш ли да те известам како да го засилиш и подобриш сево ова што е претходно спомнато?“ Пратеникот, алејхи селам, го фати својот јазик, и рече: „Забрани му на овој орган да зборува за сето она што не те засега.“ Муаз рекол: „Зарем ќе бидеме прашани и ќе одговараме кај Нашиот Господар, и зарем ќе не казнува за сето она што го кажуваме?!“
Тој, алејхи селам, рече: „Мајка нека те загуби!“ Со овие зборови не молеше против него, туку тоа е начин на говор на Арапите, за да предупредат за некоја работа на која требало да се внимава и да се знае, а потоа рекол: „Зарем има нешто што ќе ги фрли луѓето со лице во Џехенемот освен нивните јазици, кои искажале неверување, клеветење, навреда, озборување, лаги и слични работи.“

من فوائد الحديث

  1. Асхабите, радијаллаху анхум, биле заинтересирани за знаењето, затоа често го прашувале Пратеникот, алејхи селам.
  2. Разбирањето на асхабите, радијаллаху анхум, било според знаењето дека делата се причина за влез во Џенетот.
  3. Прашањето што го постави Муаз, радијаллаху анху, е големо прашање. Бидејќи во реалноста тоа е тајната на животот и постоењето на секое човечко суштество или џин, сите овие кои живеат на овој свет ќе бидат или во Џенетот или во Џехенемот, и затоа ова прашање беше големо.
  4. Влегувањето во Џенетот се заснова на исполнување на петте столба на исламот, а тоа се: шехадетот, намазот, зекатот, постот и аџилакот.
  5. Главната и најважната работа во верата, но исто така и најголема обврска е монотеизмот во верувањето на Аллах, во правењето на ибадети само Нему и да не Му припишуваме истоветен.
  6. Аллаховата милост кон Неговите робови е во тоа што им ги отворил портите на добрината, за да се снабдат преку направените дела со награда и простување на гревовите.
  7. Вредноста на доближувањето кон Аллах преку доброволните дела откако ќе ги исполниме тие со кои сме обврзани.
  8. Намазот во исламот е како столбот врз кој се потпира шаторот. Исламот исчезнува ако и тој исчезне, исто како што паѓа шаторот кога ќе му падне столбот.
  9. Обврска е да внимаваме на јазикот, во она што може да му наштети на човекот и на неговата вера.
  10. Контролата на јазикот и воздржувањето од непотребен говор е основа на секое добро.
Превод: Англиски Урду Индонезиски Бенгалски Турски Руски Босански Индијски Кинески Персиски Виетнамски Тагалог Курдски Хауса Португалски Малајалам Телгу Свахили التاميلية التايلندية الألمانية بشتو الأسامية الألبانية الأمهرية الغوجاراتية القيرقيزية النيبالية الدرية الصربية الطاجيكية الكينياروندا المجرية التشيكية الموري الولوف الأذربيجانية الأوزبكية الأوكرانية الجورجية الخميرية
Преглед на преводи
Категории
Повеќе...